1-ви ДЕЛ      2-pи  ДЕЛ    3-ти  ДЕЛ

 

 македонска цивилизација 77 000 години

              професор  ВАСИЛ ИЉОВ  

 

 ПИСМОТО ВО  МАКЕДОНИJА   

 ДРЕВНОТO  МАКЕДОНСКО ПИСМО 1,2 и 3-та  генерација

          МАКЕДОНСКИОТ НАРОД и МАКЕДОНСКАТА НАУКА, т.е. МАКЕДОНСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА, покрај НАЈСТАРОТО ФОНЕТСКО ПИСМО и многу други придобивки, му дале на СВЕТОТ и два фундаментални поими: "КОСМОС" и "ИСТОРИЈА". 

        Имено, овие поими друѓите народи, како ЗАЕМКИ, ги презеле од МАКЕДОНЦИТЕ и ги употребувале и ги употребуваат тврдејки дека тие наводно се нивна јазична продукција, но без да понудат соодветна етимологија. Што фактички значат поимите "КОСМОС" и "ИСТОРИЈА"? На древен МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК основата на поимот "КОСМОС" е образувана од придавката "КОС" и именката "МОС" и значи "КОС МОС", т.е. "ИСКРИВЕН МОСТ", па затоа древномакедонските АСТРОНОМИ така го нарекле ЈАТОТО на ЅВЕЗДИ од МЛЕЧНИОТ ПАТ, кое, гледано од Земјата има КРИВА ЛИНИЈА со облик на КОС МОСТ или, пак, со овој поим ја изразиле четвртата димензија на нашата ГАЛАКСИЈА, односно на ВСЕЛЕНСКИОТ ПРОСТОР,   

Нашата Галактика Млечен Пат погледната бочно и одозгора, со назначена местоположба на Сонцето и на историските супернови  

Космографија на централниот дел на Долното светилиште од локалитетот "Црна Лома" близу до селото Осинчани, скопско( 5000 - 4500 г.п.н.е.)

Kако што современите астрономи ГЛОБУЛАРНИТЕ ЈАТА на СПИРАЛНАТА ГАЛАКСИЈА НГЦ 4594 ги нарекле ГАЛАКСИЈА "СОМБРЕРО", М104, бидејќи со својата форма тие ГЛОБУЛАРНИ ЈАТА се слични на шпанско или латиноамериканско СОМБРЕРО (мексикански шешир).   


Галактиката Сомбреро, М104 (исто така наречена и НГЦ 4594). Оддалеченоста е околу 40 милиони светлосни години, над свездата на сосвездието Девица, кое има околу илјада милиарди сонца.

 

Што се однесува до фундаменталниот поим "ИСТОРИЈА", тој како корен ја има древномакедонската именка "ТР", која е и најстар облик на името на БОГОТ на МОЛЊАТА. Со појавувањето на првите иновации во праисторијата, односно со профункционирањето на основниот гласовен закон, т.е. ЗАКОНОТ ЗА ОТВОРЕНОСТ НА СЛОГОВИТЕ, се добиле формите: "ТОР", "ТООР", "ТУР", "ТУУР", "ТАР", "ТАРА" итн. Од именката "ТОР" е образуван несвршениот глагол "ТОРИ", а од него со помош на претставките "С" и "ИС" е образуван свршениот глагол "СТОРИ" или "ИСТОРИ", а, според тоа што сите наши предци "ИСТОРИЈА", во 5  в.п.н.е. Јонецот ИРОДОТ или ХЕРОДОТ (484 - 424 г.п.н.е.) ги објавил своите записи насловени со поимот "ИСТОРИЈА" и на тој начин се смета наводно дека ги поставил темелите на науката наречена ИСТОРИЈА, и покрај фактот што постојат многу постари истории од неговата. Доколку јонците (кои денес веќе не постојат)  би сакале да ги објават и да ги кажат со свој поим изминатите настани на своите и на другите предци, тогаш тие би требале да го произведат тој свој поим од соодветниот нивен глагол "КАНО" > "ЕКАНА" и да ги наречат делата на своите предци со поимот "ЕКАНАН"  затоа што на древномакедонската синтагма "ТИЕ ИСТОРИЈА" соодветствува елинската синтагма "АВТИ ЕКАНАН" . Следствено, тоа што МАКЕДОНЦИТЕ викаат "ИСТОРИЈА" јонците би требало да го викаат "ЕКАНАН"  . Со најновото ДЕШИФРИРАЊЕ на повеќе НАТПИСИ, ЗАПИСИ или ТЕКСТОВИ од крајот на МЕЗОЛИТОТ и почетокот на НЕОЛИТОТ, па се до ВТОРИОТ ПЕРИОД на ЖЕЛЕЗНОТО ВРЕМЕ , т.е. од 7.000 - 6.000 г.п.н.е. до 7 - 6 в.п.н.е., се овозможува ПОПОЛНУВАЊЕ на МНОГУ ПРАЗНИНИ во ДРЕВНАТА ИСТОРИЈА на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД и на НЕГОВАТА ОПШТЕСТВЕНА ФОРМАЦИЈА од времето на МАТРИЈАРХАТОТ и раниот ПАТРИЈАРХАТ, а здобиените ЛИНГВИСТИЧКИ ИНФОРМАЦИИ од областа на СИНТАКСИЧКАТА, СЕМАНТИЧКАТА и УПОТРЕБНАТА ВРЕДНОСТ на ЈАЗИКОТ, третиран како СИСТЕМ на ПОВРЗАНИ ЗНАЦИ при веќе претходно издиференциран и разработен СИСТЕМ на ГРАФЕМИ и ФОНЕМИ, ни овозможува надминување на НЕКОИ ЗАБЛУДИ, НЕДОРЕЧЕНОСТИ или ПОГРЕШНИ СТАВОВИ во НАУКАТА во врска со проблематиката на таканаречените ПИШАНИ ЗНАЦИ во НЕОЛИТСКИТЕ КУЛТУРИ, т.е. во ЕРАТА на ФУНКЦИОНИРАЊЕТО на ГЛАСОВНОТО (фонетското) ПИСМО, кое ни овозможува ДЕШИФРИРАЊЕ и ЗАПОЗНАВАЊЕ на ЗАПРЕНИОТ и ФИКСИРАНИОТ АРТИКУЛИРАН ГОВОР на НАШИТЕ ПРЕДЦИ.
Денес веќе сме во состојба да издиференцираме и презентираме релативно богат ПРАИСТОРИСКИ  ЛИНГВИСТИЧКИ МАТЕРИЈАЛ од кој може да се издвои ФОНОЛОГИЈАТА, СИСТЕМОТ на ЈАЗИЧНИТЕ ЕДИНИЦИ, нивните СОСТАВНИ ОДНОСИ, нивните СИНТАКСИЧКИ ВРСКИ, ГРАМАТИЧКАТА СЕМАНТИКА на ОДДЕЛНИ ЈАЗИЧНИ ЕДИНИЦИ итн., т.е. конкретни ОСОБЕНОСТИ на НАЈСТАРАТА РАЗВОЈНА ФАЗА на МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК од ФИКСИРАНИ и ЗАЧУВАНИ во АВТЕНТИЧНА ФОРМА на разни ПРАИСТОРИСКИ НАТПИСИ, кои служат како ДОКУМЕНТ, како ЖИВ СВЕДОК и на најдиректен начин вршат идентификација на АВТОХТОНОСТА на ПРАИСТОРИСКОТО НАСЕЛЕНИЕ на МАКЕДОНИЈА и пошироко на БАЛКАНСКО - АНАДОЛСКИОТ КУЛТУРЕН КОМПЛЕКС.

Натписи од предисториската населба “Барутница” 
кај Анзабегово (7000-6000 г.п.н.е.)

 

ЗЕТИ И ЗЕТОВИ,ДРЖАВИ И ВЛАДЕТЕЛИ КАКО НАЈ СТАР НАЧИН HА ВЛААДЕЕЊЕ НА НАШИТЕ ПРОСТОРИ

 

АВТЕНТИЧНИ ЗАПИСИ НА ИМИЊА И ПРЕЗИМИЊА НА ДРЕВНОМАКЕДОНСКИ ЗЕТОВИ, КОИ ЗЕТУВАЛЕ ВО ПЕРИОДОТ 
ОД 7000 ДО 1385 г.п.н.е.

 

    

  'РБЕТЕ 'РЏЕ
(7000 - 5000 г.п.н.е.)

                                         

    З'Т П'РСА НЕНО СИЛНИ
(5000 - 4500 г.п.н.е.)     

   

ПИР М'КЕД'НЗКИ
(5000 - 3500 г.п.н.е.)

        

ЗЕТ УТ'Ѓ УЕОЧО
(7000 - 5000 г.п.н.е.)

    

 

АФЕЕОН ОГН'Н
(околу 2100 - 1500 г.п.н.е.)

Натписи од предисториската населба “Барутница” 
кај Анзабегово (7000-6000 г.п.н.е.)

Најстарите сведоштва на македонската писмена традиција во кои се зборува за војување помеѓу зетовите на одделни зети датира уште од времето на неолитот. Можеби еден од најкарактеристичните записи на праисторис-ките македонски хроничари е и текстот од Осинчани, скопко,кој е издлабен на камен со форма во вид на долга риба и со извонредна семантика и неверојатно компатибилна и логична композициска распределба на јазичниот и знаковниот (графискиот) материјал и чија поучна содржина глас:


“ЗЕТОТ УТ'Ѓ УЕОЧО
ГО ЗГАЗИЛ ЗЕТОТ СТОЛЕ Н’Д’МСЕЈ
В БОЈ Е ТАСОВИОТ ВУЈКО -
ТОЈ, ‘РБЕТЕ ‘РЏЕ.
ЗЛОБНИ СЕ.” 

Војните секогаш носеле само штета и несреќа, гинеле многу невини луѓе, со ништо не можела да се надополни големата загуба на безброј млади Македонци, а од сите болки најчувствителна била болката на МАЈКИТЕ за што и зборува древномакедонскиот неолитски натпис од локалитетот Црна Лома или Илина Гора кај селото Осинчани близу до Скопје, кој дешифриран оддесно налево и соодветно транскрибиран и преведен на современ македонски литературен јазик ја има следната поетска и филозофска содржина: 

 

“ ТАА,
РЕЧТА,
ЗАСЕГА Е
УТЕХА НА МАЈКИТЕ,
КОИШТО ЛОШОТО,
ВОЈНАТА,
НИВ ГИ ОШТЕТИ.”

 

Табл. бр. 1.Праисториска македонска азбука, според дешифрирани текстови од споменици на писменоста со старост од 7000 до 535 г.п.н.е. 

     Венетско писмо

 

  КАМЕНОТ ОД РОЗЕТА

http://rosetta-stone.etf.ukim.edu.mk/mk/node/291   

  КАМЕНОТ ОД РОЗЕТА

декрети на династијата  на Птоломеј ТРЕТИ , ЧЕТВРТИ  и  ПЕТИ  По смртта на Александар Македонски и распадот на Македонската империја, во Египет власта ја презел Птоломеј Лагов. Тој бил близок на Александар, негов другар и доверлив генерал, основоположник на династијата Птоломеи. За династијата на Птоломеите запишано е дека иако немала египетско потекло владеела со Египет од 323г. п.н.е. се до 30г. п.н.е. и достојно се придржувала до египетската култура и традиција.



Најмаркантен лик од оваа династија е Клеопатра СЕДМА, таа е и последен владетел на оваа кралска лоза. Во записите е опишана каkо висока и вита жена од македонско потекло, која сонувала за светска империја. Одлично го говорела Македонскиот јазик, всушност повеќето владетели од оваа династија го зборувале Македонскиот јазик

  КАМЕНОТ ОД РОЗЕТА

http://rosetta-stone.etf.ukim.edu.mk/mk/node/291   

                                                                                         

 

Артикулациони и акустички особини на древниот македонски јазик

Според артикулационите и акустичките особини, како и во современиот МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, сите ГЛАСОВИ можат да се поделат на: САМОГЛАСКИ (вокали), СОНАНТИ и СОГЛАСКИ (консонанти). Древните МАКЕДОНЦИ ги разликувале и ги употребувале следните САМОГЛАСКИ: предните Е и И и задните А, О, Љ, Å, У, од кои А е низок вокал, Е, О, Љ и Å се средни вокали, а И и У се високи вокали. Древните МАКЕДОНЦИ препознавале и употребувале кратко О, полудолго Љ и долго Å, а ова праисториско ПРАВОПИСНО ПРАВИЛО својата употреба ја проследува се до средновековните натписи и ракописи, а може да се сретне и во ПРАВОПИСНИТЕ ПРАВИЛА на КОСТАНТИН КОСТЕНЕЧКИ, кој разликува О со една точка во средината за пишување на зборот “ ОКО “, а широко О со две точки внатре за пишување на зборот “ ОЧИ “. Интересна е појавата на гласот 

кој вршел две улоги: на СОГЛАСКА и САМОГЛАСКА. Имено, од досега дешифрираниот материјал, во улога на САМОГЛАСКА се јавува во следните случаи:

1) Меѓу две согласки:

Надгробен споменик на Нено Прса Силни   (“ Прса ”),
од Младо Нагоричани (5000-4500 г.п.н.е.)


(“ В’Р “ во смисла “ В’РВ ”во натписот: “И У В’Р Л’Г” 
со значење “И НА ВРВОТ ЛУГ ( лединка)” 
од Осинчани близу до Скопје, датиран 7000 - 6000 г.п.н.е.) итн.;

2) Кога се наоѓа во почетокот на зборот пред согласка:

(“ ’Рбете”), (“ ’Рџе “) итн.,
но во овие случаи пред самогласното Р не е регистрирано пишување на апостров или на некој друг надреден знак.

3) Не е регистриран случај на самогласно Р зад претставка, а пред согласка, та, според тоа, не е познат пример на евентуално пишување на апостров или друг надреден знак во споменатиот случај. 
Покрај споменатите примери, да наведеме и еден конкретен падежен куриозитет на деклинирани стари МАКЕДОНСКИ ЛИЧНИ ЗАМЕНКИ, кои, како дел од фиксираниот говор на нашите предци, ги забележавме на горниот дел од овалните бочни страни на бронзениот печат од околу 1500 г.п.н.е. од локалитетот “ Церје “ близу до Говрлево, каде ги дешифриравме следните форми на лични и нелични заменки: номинативната 
форма 1 л. мн. 

(ми, нас, нам, нас, нами, нас) и множинската дативна форма:

(и(же), их, им, их, ими, них) во изразот:

кој оддесно налево се дешифрира, транскрибира и чита како “ МИ ИМ “ што ќе рече “ НИЕ НИМ “ или со обична предлошка конструкција “ НИЕ НА НИВ “
Следствено ако се имаат предвид и погоре наведените примери, целосниот натпис од бронзениот печат од Говрлево би требало да гласи:

 

или

 

што прочитано оддесно налево ќе рече:

“ ЅИНАЛ (ЅИРНАЛ) / НИЕ НИМ / К’СИ ОД ПОСАДАТА “

или

“ЅИНАЛ (ЅИРНАЛ) / НИЕ НИМ / Л’СИ ОД ПОСАДАТА”. 

Во наведените печатни натписи зборовите “ К’СИ “ и “ Л’СИ “ фактички потсетуваат на најстари МАКЕДОНСКИ лични имиња направени од прекари од придавки, какви што се уште можат да се сретнат во МАКЕДОНИЈА: Петре КУСИОТ, Борка ЛЕВАТА, Ристе ЗЕЛЕНАТА, Киро СИНАТА итн. Кај Русите и ден - денес се среќава презимето ЛÄСÄХ или ЛИСИХ (ЛÀСÀХ). Кај Србите денес сe уште е доста распространето презимето ЛИСИЧИЌ (ЛИСИЧИЃ), тоа презиме, на пример го носи и извонредниот југословенски ракометар Божо ЛИСИЧИЌ. Еден од најистакнатите војсководци на Александар 3 Македонски (356-323 г.п.н.е.) се викал ЛИСИ (ЛИСИЈ) или ЛИСИМАХ (361 - 281 г.п.н.е.), а најголемиот мајстор на античката скулптура и најголемиот портретист на Александар 3 Македонски бил скулпторот ЛИСИП (4 в.п.н.е.)
Древниот МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, кој се третира како ПРАЈАЗИК на сите таканаречени СЛОВЕНИ и ИНДОЕВРОПЕЈЦИ, имал следен упростен КОНСОНАНТСКИ СИСТЕМ:
1. Уснени (лабијални):


2. Уснено - забновенечни:

3. Забновенечни (алвеоларно - забни):   

 

4. Венечно - забновенечни:

5. Венечни (алвеоларни): 

6. Тврдонепчени (палатални):

7. Меконепчени (заднонепчени):

 

Покрај наведената поделба на согласките по место на образувањето, тие можат да ги имаат и следните поделби:
1) Според начинот на образувањето, разликуваме:
а) Преградни или експлозивни, избувливи:

б) Теснински, струјни или фрикативни: 

 

в) Преградно - теснински (африкативни):

2) Според звучноста, разликуваме:
а) Звучни:

б) Безвучни:

 

Некои согласки со своите особини се приближуваат до самогласките и поради нивната поголема звучност тие фактички се сонанти: 

 

 

Надгробен споменик на Зетот УТ'Ѓ УЕОЧО со споменување на имињата и презимињата на зетовите СТОЛЕ НАД'МСЕЈ и 
'РБЕТЕ 'РЏЕ од Осинчани близу до Скопје (7000-6000 г.п.н.е.) 

 

Натпис од Горното светилиште: “И У В’Р Л’Г” со значење 
" И НА ВРВОТ ЛУГ ( лединка)" 
од Осинчани близу до Скопје (7000 - 6000 г.п.н.е.) 

 

Надгробен споменик на Прса Нено Силни
од Младо Нагоричани (5000-4500 г.п.н.е.)

                

Некои синтетички особини на древномакедонскиот јазик

Во оваа пригода нема да се задржиме подетално на СИТЕ ГЛАСОВНИ ПРОМЕНИ што можат да се регистрираат од дешифрираниот материјал, а кои се ФИКСИРАНИ од УЧЕНИ ЛУЃЕ на тоа далечно ПРАИСТОРИСКО ВРЕМЕ и кои зборуваат дека се вршеле под ОДРЕДЕНИ УСЛОВИ и дека биле ПОСЛЕДИЦА на ОПРЕДЕЛЕНИ ПРИЧИНИ, т.е. дека се вршеле во ЕДЕН ПЕРИОД од ВРЕМЕ и на ЕДНА ТЕРИТОРИЈА која и тогаш и сега се вика МАКЕДОНИЈА. И покрај тоа што во РАЗЛИЧНИ ВРЕМЕНСКИ ПЕРИОДИ важат и РАЗЛИЧНИ ГЛАСОВНИ ЗАКОНИ, сепак, некои ИНОВАЦИИ своето ИЗВОРИШТЕ го имаат дури во МАТРИЈАРХАТОТ. Следствено, разјаснувањето на сите специфики на ПРАИСТОРИСКИОТ МАКЕДОНСКИ ЛИТЕРАТУРЕН ЈАЗИК, т.е. на ПРАЈАЗИКОТ на СИТЕ ДЕНЕШНИ СЛОВЕНИ, бара посеопфатни суптилни ЈАЗИЧНИ АНАЛИЗИ и тие ги надминуваат рамките на овој труд. Меѓутоа, треба да наведеме дека во дешифрираниот јазичен материјал се согледуваат:
а) ГЛАСОВНИОТ СИСТЕМ на древниот МАКЕДОНСКИ ЛИТЕРАТУРЕН ЈАЗИК и
б) НАЈВАЖНИТЕ ЕЛЕМЕНТИ за АРТИКУЛАЦИЈА на ОДДЕЛНИ ГЛАСОВИ од тој ПРАИСТОРИСКИ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИЧЕН СИСТЕМ, односно дека и тогаш МАКЕДОНСКИОТ ПРАВОПИС почивал врз ФОНЕТСКИ ПРИНЦИПИ. 
Така, на пример, со буквата:

се обележувала МЕКА (палатализирана) СОГЛАСКА која се изговарала повисоко од тврдото

како што е случај во зачуваната фаза од најстарата периодизација на историјата на МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК, т.е. во зачуваната падежна форма на именката "ИЉО" во синтетичката деклинација

Предведски надгробен споменик со натпис напишан со древно македонско писмо и на древен македонски јазик: “КРЕШТ СЕ СИ У Л’Т С’Л С ИЉУ” со значење “КРЕСКАЈ СЕ СИ ВО ЛЕТ САМО СО СОНЦЕТО”. Илина Гора, Горно светилиште, Осинчани близу до Скопје (7000 - 6000 г.п.н.е.). 

Древномакедонски натпис од Илина Гора или Црна Лома од Осинчани близу до Скопје (7000 - 6000 г.п.н.е.), каде може да се дешифрира и прочита заменката H(ОНА) во генитивната 
падежна форма H (ЊЕ) 

од Осинчани од околу 7.000 - 6.000 г.п.н.е., каде оддесно налево можеме да прочитаме "ИЉУ" (Иљо, Иљ - а, Иљ - у, Иљ - а, Иљ - о, Иљ - ом, Иљ - у)
Со буквата

се обележувал глас со МЕК ИЗГОВОР, кој му се противставува на тврдото,

а тоа ќе рече дека буквата "Њ" во ДРЕВНОМАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК се образувала со помош на НАДРЕДЕН ЗНАК (точка), како, на пример, во пишувањето на заменката од женски род 3 л . едн. (ОНА) во винителната (акузативната) падежна форма

(ЊУ) и родителната (генитивната) падежна форма 

(ЊЕ) итн. каде е очигледно присуството на богата промена по падежи, т.е. на шестопадежни облици на личните и неличните заменки, вклучувајќи и такви најстари форми како ЕА, ЕЕ, ЕИ итн., и присуство на законот за отворање на СЛОГОВИТЕ во МАКЕДОНИЈА и во времето на МАТРИЈАРХАТОТ или почетокот на ПАТРИЈАРХАТОТ. Во дешифрираните ПИСМЕНИ СПОМЕНИЦИ се препознаени и случаи за користење на зборови со ПИШУВАЊЕ и ИЗГОВАРАЊЕ на гласовите Ѓ и Ќ. Знакот за гласот Ѓ се формирал со употреба на НАДРЕДЕН ЗНАК и го имал следниот изглед 

во системот на знаци од надгробниот споменик на херојот ДИМО РИЈДИЛ од 7 в.п.н.е. (о. Лемно во Егејско Море), како, на пример, во зборот

кој се дешифрира, транскрибира и чита како "ЃОЛ". Додека за гласот Ќ се користел како свртен (инвертиран) знакот К, но без употреба на НАДРЕДЕН ЗНАК, т.е. само,

како во случајот на дешифрираниот збор 

 

{to oddesno nalevo se de{ifrira, transkribira i ~ita kako "NO]E". Vo drevniot MAKEDONSKI JAZIK postoel IZGOVOR i PRAVOPIS na soglaskata 

 

Интересен е случајот на пишување "Ј" и неговото изговарање како силно артикулирана согласка (ј) меѓу две исти самогласки, да речеме "А", како, на пример, во старата МАКЕДОНСКА показна заменка 

која оддесно налево се дешифрира, транскрибира и чита како "ТАЈА" во смисла на "ТАА", односно во показната заменка од ж.р. 3 л. еднина "ТАЈА" имаме еден пример од Осинчани каде едносложната стара МАКЕДОНСКА показна заменска морфема "ТА" ( та, то) е потсилена со прибавување на партикулата "ЈА" за да се закрепи нејзината изразност. Поинаку речено, ДРЕВНИТЕ МАКЕДОНЦИ имале СУПТИЛНО ПОЗНАВАЊЕ за ГЛАСОВНАТА СТРУКТУРА на ЗБОРОТ, за ГЛАСОТ како НАЈМАЛА ЕДИНКА на ЗБОРОТ, т.е. за ГЛАСОВНАТА ЕДИНКА која врши СМИСЛОВНА ФУНКЦИЈА во ЗБОРОТ, односно за повеќето РАЗНОВИДНОСТИ на ГЛАСОТ, кои настануваат поради разни АКУСТИЧНИ или АРТИКУЛАЦИОНИ ПРОМЕНИ, за ИЗГОВОРОТ и ПРАВОПИСОТ на САМОГЛАСКИТЕ и СОГЛАСКИТЕ, за ФОНЕТСКИОТ ПРАВОПИС итн.

(7000 - 6000 г.п.н.е.) каде оддесно налево во почетокот на текстот може да се дешифрира и прочита показната заменка “ТАЈА” (“ТАА”). 


   

Остатоци на праисториски обелиск со првобитна височина околу 5 м и со древномакедонски натпис регистриран во септември месец 2000 година на локалитетот “Милисин” во просторот на резерватот 
на Кожуф Планина, Ловиште “Милисин” на Шумското стопанство од Гевгелија, кое се наоѓа на оддалеченост околу 24 км од центарот на Гевгелија. 

 

 

Усмена и писмена комуникација и семиотска  карактеристика на древномакедонскиот јазик 

 

Дешифрираниот материјал јасно става до знаење дека ДРЕВНИТЕ МАКЕДОНЦИ имале РАЗВИЕН СТЕПЕН на ОБРАЗОВАНИЕ, имале СВОИ УЧИТЕЛИ и УЧИЛИШТА, ФИЛОЗОФИ, “ВИШИ“ и “НИЖИ“ НАУКИ, ПИСМЕНА АДМИНИСТРАЦИЈА итн., т.е. се што е неопходно за да се обави УСМЕНА и ПИСМЕНА комуникација во едно ОРГАНИЗИРАНО МАТРИЈАРХАЛНО и ПАТРИЈАРХАЛНО ОПШТЕСТВО. Оттука е јасно и не е чудно што ТИЕ, МАКЕДОНЦИТЕ, имале ОДЛИЧНИ ПОЗНАВАЊА за ЈАЗИКОТ и тоа не само за ФОНЕТИКАТА, туку и за МОРФОЛОГИЈАТА и СИНТАКСАТА. Поинаку речено, ТИЕ, МАКЕДОНЦИТЕ, имале познавање не само за ГЛАСОВНИОТ СИСТЕМ, туку и за ФОРМИТЕ, нивната ПРОМЕНА и ЗНАЧЕЊЕ, а исто така и за РЕЧЕНИЦАТА и нејзините ДЕЛОВИ, бидејќи можат да се распознаат ЕДИНАЕСЕТ ВИДА ЗБОРОВИ и тоа: ИМЕНКИ, ЗАМЕНКИ, ПРИДАВКИ, БРОЕВИ, ГЛАГОЛИ, ПРИЛОЗИ, ПРЕДЛОЗИ, СВРЗНИЦИ, ИЗВИЦИ, ЧЕСТИЦИ и МОДАЛНИ ЗБОРОВИ, кои можат да се издиференцираат на група МЕНЛИВИ и група НЕМЕНЛИВИ зборови. МЕНЛИВОСТА е присутна кај ИМЕНКИТЕ, ЗАМЕНКИТЕ, ПРИДАВКИТЕ, БРОЕВИТЕ и ГЛАГОЛИТЕ и се состои во ПРОМЕНА на ФОРМАТА по РОД, БРОЈ, ЧЛЕН, ЛИЦЕ, ВРЕМЕ, НАЧИН и КОМПАРАЦИЈА. Тие знаеле за НАЧИНОТ на ГРАДЕЊЕ и за нијансите во ЗНАЧЕЊАТА на ОДДЕЛНИ ЗБОРОВНИ ГРУПИ. Тие знаеле што е КОРЕН, НАСТАВКА и ПРЕТСТАВКА, т.е. ЗНАЕЛЕ за НАЈСИТНИТЕ ДЕЛОВИ од кои се состои ЕДЕН ЗБОР, а кои се НОСИТЕЛИ на НЕКОЕ ЗНАЧЕЊЕ, т.е. ЗНАЕЛЕ што е ЗБОРООБРАЗУВАЊЕ и како се изведуваат ИМЕНКИ, ПРИДАВКИ итн.; древните МАКЕДОНЦИ знаеле што е НОРМАТИВЕН ИЗГОВОР, а тоа ќе рече имале во голема мера НОРМИРАН и СТАНДАРДИЗИРАН ЈАЗИК што од своја страна придонело МАКЕДОНСКОТО ПОВЕЌЕИЛЈАДАЛЕТНО ЈАЗИЧНО ИСКУСТВО да ги надмине сегашните етнички граници на МАКЕДОНИЈА и да стане СОПСТВЕНОСТ и на СИТЕ некогашни МАКЕДОНСКИ ПЛЕМИЊА, кои денешната цивилизација ги препознава како СЛОВЕНСКИ НАРОДИ или како соседи на СЛОВЕНСКИТЕ НАРОДИ. 

 

 

Епитаф на ученичката Р’СЛИЕ (5000 - 4.500 г.п.н.е), кој е пронајден кај селото Долно Дупени, Ресенско и кој дешифриран оддесно налево и преведен на современ македонскијазик гласи:
“ТУКА Е И КРИЈ ЈА НЕА.
УМРЕ ТУКА Р’СЛИЕ, 
ЗЕМАЈЌИ & ГО СИОТ УМ УЧИТЕЛОТ.” 

Од строго СЕМИОТСКА КАРАКТЕРИСТИКА на ЈАЗИКОТ, во смисла на Морисовите ОСНОВИ на ТЕОРИЈАТА за ЗНАЦИТЕ, може да се констатира дека ПРАИСТОРИСКИОТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, на своето тогашно рамниште на богатство во поглед на СЛОЖЕНОСТА на СВОЈАТА СТРУКТУРА, ОПФАТНОСТА на НЕШТАТА што ги ОЗНАЧУВАЛ и ЦЕЛИТЕ на коишто ОДГОВАРАЛ, претставува ТРОДИМЕНЗИОНАЛНА ЦЕЛИНА, т.е. има СИНТАКСИЧКА, СЕМАНТИЧКА и ПРАГМАТИЧНА ДИМЕНЗИЈА. Меѓутоа, како ПРИРОДЕН и БОГАТ ЈАЗИК тој имал и УНИВЕРЗАЛНА ОСОБИНА, бидејќи со него можело да се ПРЕТСТАВИ Се, а тоа честопати доведува да има ДВОСМИСЛЕНОСТ и ПОВЕЌЕЗНАЧНОСТ во разни декодирани и дешифрирани НАТПИСИ (ТЕКСТОВИ), односно СИСТЕМ на ЗАЕМНО ПОВРЗАНИ ЗНАЦИ кои, како ЦЕЛОКУПНА СЕМИОТСКА ОСОБИНА, претставуваат било кои ИНТЕРСУБЈЕКТИВЕН ЗБИР на НОСИТЕЛ на ЗНАЦИ чија употреба е одредена од СИНТАКСИЧКИ, СЕМАНТИЧКИ и ПРАГМАТИЧНИ ПРАВИЛА. Некои отворени противречности имплицираат дека тогашните ЛЕТОПИСЦИ морале да знаат за процесот во кој НЕШТО играло улога на ЗНАК (семиоза) и дека тој ПРОЦЕС опфаќал ТРИ, односно ЧЕТИРИ ФАКТОРИ и тоа: тоа што служи како знак, тоа на што се однесува знакот и тоа дејство врз некој интерпретатор покрај кој нештото за кое се зборува е знак за тој интерпретатор. Следствено, во МАКЕДОНСКИТЕ ПРАИСТОРИСКИ НАТПИСИ (ТЕКСТОВИ) имаме НОСИТЕЛ на ЗНАКОТ, ДЕСИГНАТ и ИНТЕРПРЕТАНТ, а како четврти содржател се вклучува ИНТЕРПРЕТАТОРОТ, а тоа експлицира дека ЗНАЦИТЕ се однесуваат на НЕШТО за НЕКОЈ.

 

 

Керамички печат од “Церје,” Говрлево, скопско.(околу 6000 г.п.н.е.)

 

Керамички печат од локалитето “Церје” кај Говрлево близу до Скопје (околу 6000 г.п.н.е), кој е напишан со древномакедонска “јавна” и “тајна” азбука, оддесно налево и одгоре надолу, со прикажан начин на дешифрирање на содржината: “С’Л С БО С’М” што ќе рече “САЛ СО БОГА СУМ” или “ САЛ СО БОГА САМ” 

 

           Ваквиот пристап кон БОГАТСТВОТО на ПРАИСТОРИСКИОТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК подразбира и разгледување од ПОВИСОКО НАУЧНО РАМНИШТЕ на ЦЕЛОКУПНАТА ПРАИСТОРИСКА МАТЕРИЈАЛНА КУЛТУРА на МАКЕДОНИЈА во контекст на БАЛКАНСКО - АНАДОЛСКИОТ КУЛТУРЕН КОМПЛЕКС и ПОШИРОКО со одредување на НОВО КУЛТУРНО ЖАРИШТЕ како ИЗВОР за дисперзија на ПИСМЕНОСТА и КУЛТУРАТА во ЕВРО - АЗИСКИОТ КОНТИНЕНТ и во СВЕТОТ. Тоа, секако, подразбира значително РЕВИДИРАЊЕ на многу ДОСЕГАШНИ ТЕОРИИ за наводната МИГРАЦИЈА на таканаречениот ИНДОЕВРОПСКИ НАРОД, кој се уште во НАУКАТА е оптоварен со многу НЕПОЗНАНИЦИ и СОМНИТЕЛНИ КОНОТАЦИИ што, во крај на краиштата, не придонесуваат за правилно дефинирање и решавање на проблемот, оставајќи го него сеуште во доменот на НАУЧНАТА ЕНИГМАТИКА.ИК и СВОЕ ПИСМО, за СВОИ СИМБОЛИ и СВОЈ ЕТНИЧКИ ИДЕНТИТЕТ итн., т.е. за СВОЈА АВТЕНТИЧНА ЦИВИЛИЗАЦИЈА низ изминатите ИЛЈАДОЛЕТИЈА.

 

Несоодветното или погрешното дефинирање на проблемот, а во голема мера и СИРОМАШНАТА ИНФОРМАТИВНА ОСНОВА за многу деликатни состојби од РАЗВОЈОТ на ПИСМЕНОСТА, која претставува ФУНДАМЕНТАЛЕН СОДРЖАТЕЛ на СЕКОЈА ЦИВИЛИЗАЦИЈА, придонело не само до НЕСООДВЕТНИ или ПОГРЕШНИ ЗАКЛУЧОЦИ, туку и до КОРЕЛАТИВНИ ИМПЛИКАТИВНИ ФОРМИ на ИСПИТУВАЊЕ на несогледливи почетни ФОРМАЛНОЛОГИЧНИ ГРЕШКИ.

 

 

"СКРИЈ СЕ С’"

ЛОШИ ЉУДИ ПС'НИ

КОИ ИЊИ ИДУ

ШИРЕ ИДТ П'Г" 

Дешифриран текст на стара македонска (Ведска) песна од глинената плочка од Градешница близу до Враца, која прочитана оддесно налево гласи: 
“СКРИЈ СЕ СЕГА
ЛОШИ ЛУЃЕ ПСЕТА
КОЈ ПОИНАКВИ ИДАТ,
ШИРУМ ИДАТ ПАК”
Глинената плочка, според Марија Гимбутас, се датира околу 5000 г.п.н.е., а, според бугарските археолози се датира со старост околу 3.500 г.п.н.е.

Имено, претходно утврдените НЕСООДВЕТНИ АПСОЛУТНИ ХРОНОЛОГИИ за РАЗВОЈОТ на ЧОВЕШТВОТО за дадено време и даден простор ги ставале ПОДОЦНЕЖНИТЕ ИСПИТУВАЊА, со сите можни заклучоци, во ПОДРЕДЕНА СИТУАЦИЈА, а голем дел од НАУЧНИЦИТЕ се доведувале и се доведуваат во улога на НЕСВЕСНИ МАНИПУЛАНТИ со веќе ИЗМАНИПУЛИРАНИ АКСИОМИ на можниот АКСИОМАТСКИ СИСТЕМ на развојот на ПИСМЕНОСТА претпочитувајќи ги ДЕРИВАТИТЕ на ПРВОБИТНИОТ непознат ЗНАКОВЕН и ГЛАСОВЕН СИСТЕМ на ПРАИСТОРИСКАТА ПИСМЕНОСТ на МАТРИЈАРХАТОТ, како КОРЕН на АЗБУЧНОТО ГНОСЕОЛОШКО ДРВО на ПИСМЕНОСТА.
Досегашното сомнително ПАЛЕОГРАФСКО ПРЕЗЕНТИРАЊЕ на ДЕЛ од ПОЛИГЕНЕТСКИОТ РАЗВОЈ на ПИСМЕНОСТА придонесе до фаворизирање на некои ПОДОЦНЕЖНИ КУЛТУРНИ СРЕДИНИ и НАРОДИ како наводни ПРВОБИТНИ ЖАРИШТА на извоз на ЦИВИЛИЗАЦИИ и ЦИВИЛИЗАЦИСКИ СУПСТРАТИ, а ВИСТИНСКИТЕ ИЗВОРИ на КОНТИНУИРАНОТО ДИСЦИПЛИНИРАНО ПИСМО и АВТЕНТИЧНАТА КУЛТУРА од палеолитот па до денес на МАКЕДОНСКИТЕ (БАЛКАНСКИТЕ) ПРОСТОРИ или биле непознати за пошироката научна јавност, или се минимизирале нивните вредности, или се оставени на маргините на КУЛТУРНИТЕ ИНТЕРАКЦИИ и КУЛТУРНИОТ КОНТИНУИТЕТ на ЧОВЕШТВОТО што, од своја страна, придонело НЕКОИ НАРОДИ да си придадат ПОГОЛЕМА ТЕЖИНА и да се ИСПРОЕКТИРААТ во што е можно ПОДАЛЕЧНО МИНАТО.
Фаворизирањето на СРЕДНИОТ и БЛИСКИОТ ИСТОК, како наводни ПРОНАОЃАЧИ на ГЛАВНИОТ СИСТЕМ на ДИСЦИПЛИНИРАНОТО ПИСМО или на други ИНОВАЦИИ, како и наводното ШИРЕЊЕ на ЦИВИЛИЗАЦИСКИТЕ БРАНОВИ од ИСТОК кон ЗАПАД на таканаречената ИНДОЕВРОПСКА ПОПУЛАЦИЈА, денес стануваат се ПОНЕАРГУМЕНТИРАНИ и КРАЈНО ДИСКУТАБИЛНИ, НЕУБЕДЛИВИ и НЕОДРЖЛИВИ ТЕОРИИ.

ПОСТОЕЊЕТО на ЧОВЕКОТ на Македонскиот (Балканскиот) Полуостров помеѓу 600.000 и 160.000 г.п.н.е. или најмалку од околу 260.000 - 240.000 г.п.н.е., ПРВОТО ФОНЕТСКО ГОВОРЕЊЕ, т.е. комуницирање меѓу луѓето со АРТИКУЛИРАНИ ГЛАСОВИ од околу 30.000 г.п.н.е., ПОСТОЕЊЕТО на таканареченото СИНТЕТИЧКО ПИСМО од околу 13.000 - 11.000 г.п.н.е. и ПОСТОЕЊЕТО на ГЛАСОВНО (ФОНЕТСКО) ПИСМО најмалку од околу 7.000 г.п.н.е., односно во КОНТИНУИРАНО ТРАЕЊЕ најмалку од околу 9.000 години, го прави МАКЕДОНСКИОТ (БАЛКАНСКИОТ) ПРОСТОР, а одделно МАКЕДОНСКИОТ ПРОСТОР, како негов ЦЕНТРАЛЕН ДЕЛ, многу интересно и предизвикувачко ПОЛЕ за НАУЧНИ ИСПИТУВАЊА. 

   

Бронзен овален печат од локалитетот “Церје” кај Говрлево близу до Скопје со древен македонски текст, кој се датира со околу 1500 г.п.н.е. 



   РЕЛИГИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ   

 

  светите местa на македонците  

 

      Нај важни богови за македонците пред да ја земат Христијанската Вера па и други вери биле вератa во БОЖИЦАТА МАЈКА - МА (ЗЕМЈАТА) и ИЛE БОГОТ НА СОНЦЕТО (СОНЦЕТО) . 

     ГЛАВНО КУЛТНО МЕСТО НА БОГОТ ИЛЕ БИЛO ВО ХРАМOT НА ПЛАНИНАТА ОЛИМП - храм кој се наоѓал на северната страна на  планината Олимп и,  каде македонските владетели и ги приредувале Олимписките игри а Богот на сонцето Иле и  бил обожаван и од другите народи ма и во форма на друго име. 

     ДОДЕКА ГЛАВНО КУЛТНО МЕСТО СО ХРАМ - храм кој се наоѓал на источната страна на Родопските Планини , КАДЕ СЕ ОБОЖАВАЛА ГОЛЕМАТА МАЈКА МА БИЛО НА МЕСТОТО ХИПЕР - ИКОН - НАЈ-СВЕТОТО МЕСТО ЗА МАКЕДОНЦИТЕ  кое место било спомнато и во книгата на Хомер : Илиада и Одисеjа за време на војната во Илион (Тројанската војна) .Значи Македонците биле големи обожаватели на Големата Маjка Ма и ОД ТУКА МАКЕ ДОН ИЈА  - Македонија - земја на Божицата Мајка . На тоа место дошол и младиот македонски владетел Александар каде свештениците му прескажале дека ќе го освои светот a  походот против Персија ќе биде успешен.

 

 

 

 

ИЛЕ  - Богот на Сонцето
Божицата Мајка МА - Големата Мајка

Дион (=Ѕевс) можеби Хиперберетас - татко на Македон, митскиот предок на Македонците 
Атхија или Атхрија – божица на светлината, јасното и светло небо, мајка на Македон 
Зејрене (=Хеката, Кибела) – божица со веројатно бригиско потекло 
Херакле (= Аретос) со епитет Пропатор и Патроисос 
Беди или Веди - заштитник на водите, но и животодавен воздух 
Ксандос – заштитник на војската 
Тхаулос или Таумос (=Арес) - бог на војната 
ИЛЕ   (=Аполон) - Дарон  ,бог на сонцето, почитуван и кај Пајонците 
Ма – Божица со соларни и воени обележја, прикажувана со зрачна круна и оружје 
Бах (=Дионис) 
Бендида - почитувана во близина на реката Струма 
Драко - змијолико божество 
Дракена - змијолико божество 

                                                                                                

 

                                                                             

                МАКЕДОНСКИ МИТОВИ

                                                                            

Македон (јунак)
 

Македон не ништо друго ОСВЕН ДИОН 
МАКЕ ДИОН - МАКЕ ДОН - МАКЕДОН



      Македон е епонимен јунак на Македонија. Според една легенда Македон бил син на Дион и Тија, ќерката на Девкалион, и брат на Магнет. Според имињата на неговите синови наречени се античките македонски градови Пиереја и Аматија. 

 

        Константин СЕДМИ Порфирогенит (913 – 959), потпирајќи се на постари извори (Хесикиј од Александрија (ПЕТИ век пр. н.е.) вели дека името Македонија доаѓа од името на митскиот јунак Македон. Покрај овој податок зачувани се уште три схолии (коментари) според кои:

Македон е син на Дион и Аитхија, 
Македон е син на Диос и Аитхија 
Македон е син на Диос и Аитхрија 
Според Аполодор Атински (ВТОРИ век пр. н.е.) Македон е син на аркадискиот крал Ликаон кој имал 50 синови.



         Според Диодор Сицилиски (ПРВИ век пр. н.е.) Македон бил син на египетскиот бог Озирис. Кога Озирис тргнал да го освојува светот со себе ги повел и своите синови Анубис и Македон. Браќата биле одлични воини, но со различни карактери, првиот потсетувал на куче, а вториот на волк, поради што Анубис бил наметнат со кучешка кожа, а Македон носел волчја глава како симбол. Откако во Тракија го убил кралот Ликург, Озирис го прогласил Македон за  владетел  во земјата која по него го добила името Македонија.

    

       
         

        МАКЕДОНСКИОТ ФОЛКЛОР 

 

 

     Македонски народни носии

 

Мијачка етничка група  
Брсјачка етничка група
Јужномакедонска етничка група
Струмско-местанска етничка група
Македонска Шопска етничка група
Горновардарска етничка група

 

Народните носии во Македонија имаат вековна традиција. Тие се дел од материјалната култура на македонскиот народ и претставуваат значајна гранка од народното уметничко творештво. Создавани како колективна придобивка на сиот македонски народ  тие во долга низа години се пренесувале од поколение на поколение и во својот развоен пат во себе вклопиле многу елементи од разните културни влијанија што се вкрстувале на овој дел од Балканот. На најстариот културен слој - старобалканскиот, како и на традициите на цивилизациите на  античка Македониjа .

Македонски народни носии.

                                                                                                                                                                                                             

Во долготрајниот процес на оформување на народните носии во Македонија учествува сиот македонски народ - творец и создавач на народните носии. Во нивното оформување се одразени разните историски, општествени, економски и културни настани. Различните културни влијанија низ вековите, во различни историски епохи, се примани во народните носии, преработувани со творештвото на народното сознание, прилагодени на народниот бит и начин на живот, развиени и усовршени со народните естетски сфаќања. Така се создале народните носии во Македонија како израз на народните колективни, естетски и психички диспозиции. 

Освен културно - историските прилики и творечкиот дух на народот, во оформувањето и обликувањето на народните носии во Македонија од значење се и географско - природните услови. Високите планински масиви, ритчестите падини и питомите котлини, со кои се одликува релјефот на Македонија, давале одредени услови за стопанисување, кое од своја страна нашло одраз во животот и културата на населението. Со посебни специфични форми, како во материјалната, така и во духовната култура, се издвојува културата на планинците, кои, главно, се занимаваат со сточарство, од културата на рамничарите, кои главно се ориентирани кон земјоделството. Во многу предели овие две култури се преплетуваат, создавајќи на тој начин поинакви форми на сложената култура на облекувањето, како и во целокупниот народен живот воопшто. 

Сите овие чинители, кои учествувале во оформувањето на народните носии во Македонија и во создавањето на традиционалните форми на народното облекување, биле важни фактори за дефинитивното обликување на разновидните и типски различни форми на народните облеки и на народното облекување воопшто. Во оформувањето на нивните типски и декоративни обележја нашле одраз дамнешните епохи, како и времето во кое се создавани. Со сето свое богатство, изразено со бројноста и разновидноста на облеките, начинот на нивното украсување, во орнаменталните композиции и во колоритот, народните носии доаѓаат до нас преку сè уште зачуваните примероци употребувани во 19 и првите децении на 20 век.

alt
Македонци во народна носија го играат “Тешкото“ оро.

               Народната облека, освен својата основна функција да го заштити човечкото тело во различните климатски услови, како и да го украси, од дамнешни времиња има и други многустрани значења и пораки. Покрај одредените магиско - обредни функции, преку облеката се покажува територијалната припадност, семејната положба, како и меѓусебните општествени односи на генерациите од различни возрасти.Во долгиот развоен пат, во постојаниот процес на поддржување на старите традиции, со внесување на елементи од народниот вкус и сфаќања, народните носии се оформуваат како специфична, етнички издиференцирана гранка на народното творештво. Тоа се оформени комплексни целини во кои е забележливо хармоничното сложување на одделни облеки, како во однос на украсувањето, така и во колоритот и во орнаментиката. И целокупната композиција на носијата е прилагодена не само на нејзината практична функција, туку служи и за задоволување на естетските сфаќања на нејзиниот создавач. Оттука, секоја носија претставува комплексно оформена творба изработена од текстилен материјал, обоена во разни бои и тонови, украсена со разновидни извезени или вткаени орнаментални мотиви и дополнета со разновиден накит и други украси. 

        На територијата на Македонија се среќаваат голем број разновидни носии, кои имале издвоени специфични одлики. Секој регион, секоја етничка и пределска целина во Македонија имала своја посебна носија која се разликувала од носијата на соседниот регион по своите стилски, фунционални и естетски карактеристики. Услови за формирање на толку разновидни носии во Македонија се изразитата раздробеност на релјефот во поголеми и помали котлини, кои претставуваат и посебни пределски и етнички целини, сообраќајната и географската изолација во минатото на одделните региони, како и специфичниот развиток на етничките особини на населението во различните етнички предели. Врз разновидноста на носијата влијаеле и разните миграциски движења што се одигрувале во одделните пределски целини во Македонија во поблиското и подалечното минато. Колку тие движења, со оглед на одредени политички, економски и општествени прилики, биле поинтензивни и посилни, толку и разновидноста на носијата е поизразена.

alt  
Водарки.

Богатството на народните носии, разликите во поодделните облеки, како и во целокупното народно облекување, се изразени како во стилската композиција на носијата така и со бројноста и разновидноста на облеките и нивното украсување. Во оваа смисла особено западна и средна Македонија претставуваат вистински мозаик од ретко убави народни носии, меѓу кои особено се истакнува женската. По богатството и украсувањето на облеките се издвојуваат празничните, обредните и свечените носии, во кои најдолго се зачувани старите традиции, а творечкиот дух на народот достигнал врвен израз.

 

Примероците на народните носии што се собрани во музеите во Македонија, и оние што секоја година се прикажуваат на ревијата во Струга, се драгоцени документи за нивното извонредно богатство и необична разновидност. Тие ќе останат сведоци за високите креативни способности на македонскиот народ, кој во текот на многуте векови успеал да создаде сопствена, самостојна народна облека, во чии типски и декоративни одлики нашле одраз изминатите епохи, како и времето во кое се создавани и носени.

 

Еволуција на Македонскиот народен вез

Пренесувајќи се континуирано од поколение на поколение, согласно со битот и вербата на македонскиот народ во продолжување на традициите, највисокиот дострел во својот развој накедонската везбена уметност го дотигнала во 19 век. Оваа уметност, чии корења лежат уште на прамакедонскотa почва, . За натамошниот развој и формирање на македонската везбена уметност посебно значење имал византикаата култура, за што придонело и непоредното соседство на Македонија о византиската цивилизација. Вековното турско влијание, не е одразило битно во развојот на   македонското везбно творештво понатаму, макар што е евидентни некои елементи и од исламската уметност, особено во одно на колоритните промени и инфилтрирањето наа нови мотиви. Но, и покрај разните историски фактори, формирањето на македонското везбено творештво во една издиференцирана ннародна уметност секако се должи најмногу на колективните уметнички потенцијаали на средината во која се создавало и егзистирало. А во тој поглед македонскиот наароден вез јазно сведочи за творечката оригиналнот на неговиот создавач - македонската жена.

Носителина Везбеното творештво

          Носители на везбеното творештво во Македонија исклучиво биле народните носии, посебно селските, кои се задржале во својата комплетна животна функција се до првите децении на овој век. Везот преставувал карактеристичен традиционален украс, особено на женките носии, а од нив најмногу е везеле кошулите и покривалата за на глаава. Женката кошула, о воите скромни кројни елементи на туниковидна облека, типична за цела Македонија, задржала траги на прастари форми. Задржувајќи се на првобитните стадиуми во развојот на оваа објека што се однесува до нејзиниот облик, македонските кошули ја развиле понатаму нејзината декорација, во која е одразил и раскошниот стил на византискиот текстил.

 


Меѓу разните женки везени покривала за на глава посебно место им припаѓа на невестинските сокаи и убруси, а тие не само што се истакнуваат како врвни естетки вредности на македонската везбена уметност, туку имаат и историско значење како најстари македонски везбени изработки, досега, во кои е конзервирана голема архаичност. Нивната очигледна сличност по форма, техника, орнаментација и функција, со соодветни делови од носиите на некои народи од Поволжјето, не можела да никне случајно и секако потврдува многу дамнешни културно-историски врски.

   Изработка на везовите

Македонските везови се работени редовно со домашни волнени конци, што го овозможувало и некогашното развиено македонко овчарство. За везење на празнични и неветинки носии се употребувала и домашна свила, а речиси насекаде, за нив се користела и срма. Посебно карактеристичен бил домашниот традиционален начин на приготвување волнени конци за везење, кои е сукале и удвојувале само о раце, без никакви технички помагала, што преставуваат еден од најпрвобитните степени на предење текстилни влакна. 

Карактеритично речиси за сите македонски везови е нивната изведба со броење на жиците од платното и најчесто од опачната страна, што овозможува полесно броење, но кое бара и развиена техничка вештина. Во поглед на техничката изведба, за македонските везови најтипична е гобленската техника - полнеж, која о воите варијанти достигнала виоко техничко ниво. Одделни техники во везот - релјефните, ажурните, крвчињата - се ограничени само на некои области. Везењето со прави ободи - сокаечко, трупа - најмногу се застапени на женските покривала за на главаа, кои, поради мошне ложената техничка изведба, често ги изработувале само поединечни везилки.

Бои на везовите

Македонските везови се најчесто полихромни, но познавањето на повеќе тонски градации од исти бои, е осем ограничена појава. Поретко се застапени бихроматски везови, додека монохромните се карактеристика само на некои региони.

Во колоритот на македонските полихромни везови, доминира црвената боја во нејзиниот широк тонски регистаар, но тоа е во зависност од регионот и од хронологијатаа на нејзината употреба. Меѓутоа, присутна е паралелната примена на две нијанси на црвената боја, било како алтернација или како фон и орнамент. Друга доминантна боја е црната, а во својство на секундарни бои е затапена модрата, зелената и жолтаата, поретко и белата. Притоа, колоритните односи во македонскиот народен вез се трого определени, боите се комбинираниво согласност о закономерни ритмички принципи, кои откриваат еден беспогрешен вкус кај селската жена, која и не ги познавала законите на хармонијата.

Орнаментика 

Општа одлика на македонскиот народен вез е строго геометриската орнаментика.  Геометриските мотиви се застапени во нивниот најширок обем - од наједноставни прави и цик-цак линии до сложени геометрики облици. Чето и не е јано што преставуваат одделни орнаментални мотиви, кои во процесот на нивното пренесување од генерација на генерација, од место на место, се повеќе е модифицирале и губеле од своето првобитно значење, оформувајќи се во апстрактни геометризирани орнаменти. 

Македонката везилка опфатила и флорални мотиви, но интерпретирани со геометризам карактеристичен за некзините везови. Најчеста е појавата на цветни мотиви, но и тие преставуваат стилизирани облици на цветови воопшто, о или без лисја, а не на определени видови цвеќиња. Но, и покрај трансформацијата на природните норми, во македонските везови се приутни и определени цветни стилизации, најчесто на лалето и каранфилот.

Шематизирани зооморфни и антропоморфни мотиви е најретка појава во македонскиот народен вез, кои во најголем број случаи означуваат преттави на поединечни животински или човечки белези. За ова веројатно придонеле и забраните на исламот за преттавување на човечки и декоративни ликови во декоративната уметнот, а Македонија најдолго од сите балкански народи останала под роптвото на Турците.

Секој предел во Македонија ја одржувал, низ поколенија, својата традиционална определеносст за орнамент, техника или колорит, наследени уште од дамнешни времиња. Овие пецифичности, особено во западниот дел на Македонија имаат потекло уште од прасловенскиот период. Големите миграциони движења во Македонија во последниве два века, придонеле за едно везбено шаренило на територијата на Македонија. Но, и покрај тоа, секој предел ги задржал своите специфични везбени особености, приспособувајќи го новите влијанија на старите ликовно-естетски карактеристики и традиционални норми.

Везот на женската носија од Кумановско, по војот ликовен третман и карактеритична чисто геометриска орнаментика, оздадена од аглести форми со исспрекршени и назабени контури, е единтвен во Македонија. Оргинално и архитектонично конструираните орнаменти, во пртежно црвен тоналитет, остро се оцртуваат на црниот фон, а техничката изведба со бодови во спротивни правци - што е инаку атипично за македонскиот вез - ја надополнуваат везбената декорација и со ефекти на светло-сенка.

Женските кошули од Скопска Црна Гора се карактеризираат со импозантна црна релјефна орнаментика, која по тил и фактура доследна поредба наоѓа во тектилната декорација на богато орнаментираните коптки туники од ранохристијанско време. Орнаментите најчесто е истакнуваат преку виртуозната игра на везбените техники или о дискретна примена на темномодри комбинации. Црниот релјефен вез од дебели конци е застапен и на женската носија од Долни Полог, но нејзината пецифичност е изобилната примена на бела срма и тенки метални ленти, што и даваат на оваа орнаментика блесок и посебна убавина.

Спротивно на смирениот црн колорит во везот на Скопска Црна Гора, женската носија од Скопска Блатија се одликува со разнобојна и разиграна орнаментика, која и по орнамент и по техничка изведба се разликува од претходните. За основа на орнаментите служи само белото платно, а везот изобилува со разни геометриски мотиви, но и со цветни тилизации, дури и митолошки преткави, најчесто аждери.

Живописните и познати мијачки ноии ги карактеризира и нивниот оргинален вез со линеарно-геометрики мотиви во интензивна црвена боја, а неговата специфичност е ажурната техника, но од друг вид, користеле и везилките од Дебар за украување на својата стара носија.

 

 

Ситната и префинета релјефна орнаментика, како и извонредно оригиналната орнаментална композиција, им даваат карактеристичен печат на везените кошули од Дебарски и Струшки Дримкол, од Струшко и Охридско поле. А сите заедно преставуваат вистинска орнаментална  цветна градина, зошто тука цветните стилизации достигнале најширока примена и најреална интерпретација на природните форми. Со посебни естетски и технички квалитети се истакнуваат струшките и охридските сокаи за на глава, везени со вила или волна, во чија орнаментика доминираат геометриските мотиви.

Најтипичните претставници на гобленската техника се везените носии од Прилепско-битолската Котлина и од Мариово, кои импресионираат со богаството на мотиви и доминантната пламено-црвена боја.. Традиционалниот вез на женските кошули од овие подрачја зачувал една монументална стилска композиција, а од неа како да одблеснува сјајот на византискиот текстил. Најчесто се извезени во соодветни бои не само мотивите, туку и самиот фон, така што везот има ефект на ткаенина. А прилепските и битолските сокаи се вбројуваат меќу најубавите во Македонија.

      

Во женските носии од Кичевијата и Порече доминираат геометриските мотиви во раскошни комбинации, а по орнаменталниот карактер и мелите колористични решенија на одделни примероци, овие везови е доближуваат и до најсовремените ликовни настојувања. Но, творечките димензии на жената најмаркантно се превентирани на убрусите за на глава, кои, заедно со македонските сокаи, претавуваат вистински ремек дела на македонската везбена уметност. 

Во областа Река меѓу Лерин и Костур,  женските носии е украени со вез, кој ги наоѓа своите аналогии во носијата на најблиските битолски села, но кој е одликува со некои специфики во стилот, додека везбените мотиви од Леринско Поле се реализирани исклучително во техниката крвчиња, што е редок феномен.

Сите овие регионални видови во македонското везбено творештво, создавани со векови од многубројни анонимни мајтори на уметничкото изразување во везот, откриваат една развиена творечка фантазија, една беспрекорна мисла за игра на бои и форми и техничка изведба изградена до совршенство.

  

 

 

Македонска народна музика 



Наспроти уметничката (учена) музика, поставена е таканаречената народна (неучената) музика или музички фолклор. Народната музика се пренесува од колено на колено по пат на усно предание. Во Македонија постојат голем број народни песни и игри кои го одразуваат животот, работата и обичаите на луѓето кои живеат во неа. Голем дел од оваа музика има свои карактеристични национални белези. 


    Според содржината и кореографијата нашите народни игри и песни можат да бидат обредни и световни. Од обредните игри ќе ги наброиме: додолските, коледарските, русалиските и др. Во световните игри спаѓаат тие што се поврзани со животот и работата на нашиот народ како што се: борбените, свадбарските, жетварските, хумористичните, љубовните и др. Во разни краеви тие имаат различни имиња, во зависност од местото и начинот на играњето. 



Македонските народни игри имаат свои карактеристики кои се манифестираат во разнообразието и богатството на движењата и ставовите во играњето. Мелодијата во нашите народни игри се темели врз куса, ритмички впечатлива и изразена музичка основа, наменета за играње. Во нив се застапени два вида тактови: прости, дводелни и триделни (2/4, 3/4 или 2/8, 3/8 и др.) и сложени. Сложените можат да бидат еднакво сложени, составени од два истоимени прости такта ( 2 + 2/4 = 4/4 или 3 + 3/4 = 6/4) или мешано сложени, составени од два различни прости такта (2 + 3/8 = 5/8 или 3 +2 + 2/8 = 7/8).


Македонските народни песни претставуваат непресушен извор на инспирација за нашите композитори. Голем број нивни дела се базираат врз мелоритмичките карактеристики на народните игри.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

  1-ви ДЕЛ      2-pи  ДЕЛ    3-ти  ДЕЛ